Дома Македонски спорт Талески: Критиките ги сфаќам добронамерно, навивачите сакаат да видат борба и жар!

Талески: Критиките ги сфаќам добронамерно, навивачите сакаат да видат борба и жар!

Филип Талески одигра одличен натпревар против Данска и беше еден од најдобрите во сениорскиот тим.

Талески имаше пет гола од пет победи и изгледа дека успеа да го симне притисокот од грбот. За Талески имаше многу критики, а тој тие ги сфаќа добронамерно.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Јас критиките ги сфаќам добронамерено, мислам дека треба сите така да постапуваат. Некои работи можат да се кажат во жар и еуфорија. До мене стигнуваа погрдни коментари, но ги разбирам од навивачки аспект. Тие сакаат да видат желба и борба од нас. Со Данска покажавме дека знаеме да играме и дека можеме да се надигруваме. Не чека многу работа и го слушаме новиот селектор Кирил Лазаров. Секоја тактика која ја спреми се покажа дека е добра. Мораме да ги спроведуваме неговиот совети и сметам дека работите ќе бидат позитивни“.

„Лазаров пред почетокот на натпреварот ни кажа да уживаме, затоа што ќе играме со светски шампиони. Влеговме на терен опуштени за да се надигруваме со данските ѕвезди. Добивме доверба од селекторот и го искористивме. Стартувавме сите млади бекови, некогаш игравме, но претходно не сме биле заедно на теренот. Со добрата игра му дадовме до знаење на Кире дека може да смета на нас“, изјави Талески.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…