Во 2012 година англиската Премиер лига ја имаше една од највозбудливите завршници во историјата.
На Манчестер Сити во последното коло потребна му беше победа против Квинс Парк Ренџерс за да ја обезбеди титулата. И на „Етихад“ не одеше се според планираното затоа што КПР водеше со 2:1 и така беше се до самата завршница. Тогаш Џеко и Агуеро со голови во судиското продолженија направија целосен пресврт и не дозволија Манчестер Јунајтед да биде шампион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од играчите на КПР кој не успеа да го псречи Агуеро во тие моменти беше Таје Таиво кој во тоа време како позајмен играч од Милан настапуваше за КПР. Тој сега откри дека кога се вратил во Милано на шега му зборувале дека земал пари од Сити.
„Дојдов во Милано и тренерот откако се поздрави со мене ми кажа: Кај ти се парите кои ги доби? Дај ми нешто и на мене. Се зачудив и го прашав за што зборува. Во тој момент сите останати играчи почнаа да се смеат и да се шегуваат. Тука одново се вклучи тренерот кој дофрли: Ти си талентиран и лесно можеше да му ја земеш топката на Агуеро. Можеби си добил пари за да не му ја земеш“, раскажа Таиво.