Дома Фудбал Англија Тажна вест од Англија, почина Боби Чарлтон

Тажна вест од Англија, почина Боби Чарлтон

Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Сер Боби Чарлтон почина денес на 86-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и тренер за “црвените ѓаволи“ одигра 758 натпревари, на кои постигна 249 голови во 17-те сезони на „Олд Трафорд“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За репрезентацијата на Англија одигра 106 натпревари и постигна 49 голови, а во 1966-тата го освои Светското првенство во “гордиот албион“.

„Со огромна тага ја споделуваме веста дека Сер Боби почина мирно во раните утрински часови од саботното утро. Тој беше опкружен со неговото семејство“, стои во соопштението.

Со Манчестер Јунајтед го освои Европскиот куп во 1968 година. Тој го крена и трофејот и на Светското првенство со Англија во 1966 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Конте е немилосрден – веќе бара замена за Де Брујне, познато е и кој е најголемата желба

Во Наполи нема време за жал. Иако Кевин Де Брујне пристигна како големо засилување и еден …