Дома Топ вести Тажен ден за европскиот фудбал: Почина еден од најважните луѓе во создавањето на Лигата на шампионите

Тажен ден за европскиот фудбал: Почина еден од најважните луѓе во создавањето на Лигата на шампионите

Еден од најважните луѓе на УЕФА, Герхард Ајнер, почина на 80-годишна возраст во текот на вчерашниот ден.

Ајнер беше еден од главните протагонисти на идејата за Лигата на шампионите, како и многу други работи во европскиот смрт.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во јавноста по трагичната вест се огласи и претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин.

„Фудбалот загуби еден од своите навистина големи лидери. Герхард беше клучен во создавањето на Лигата на шампионите, играјќи клучна улога во претворањето на УЕФА во модерното раководно тело на европскиот фудбал како што е денес. Тој беше човек со интегритет кој секогаш се залагаше за внатрешните вредности на играта. Ќе ни недостига“, истакна Чеферин.

Поради смртта на поранешен функционер на УЕФА, натпреварите на Европското првенство кои се играат денеска ќе започнат со минута молк. На последните два натпревари од вчерашната програма на тој начин веќе беше оддаден чест на Ајнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…