Дома Фудбал Останато Тага во фудбалскиот свет: Почина легендарниот Герд Милер

Тага во фудбалскиот свет: Почина легендарниот Герд Милер

Легендарниот фудбалер Герд Милер почина во 75. година од животот, пренесуваат светските медиуми.

Станува збор за човек кој најголем дел од кариерата помина во Баерн Минхен и во овој клуб играше од 1964 до 1979 година, а најголемото внимание го привлече настапувајќи за репрезентацијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со Западна Германија го освои Светското првенство во 1974 година и Европското две години претходно, а во 1970 се закити со бронза.

До 2006 година важеше за најдобар стрелец на Светските фудбалски првенства. Се претпоставува дека причината за смртта е тешкиот облик на деменцијата со која Милер се бореше некое време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…