Дома Фудбал Италија Сусо го нападна Милан: Таму не може да се изгради ништо солидно!

Сусо го нападна Милан: Таму не може да се изгради ништо солидно!

Сусо во јануари го напушти Милан и се пресели во Севиља, каде ќе игра како позајмен фудбалер со право на откуп.

Сусо неколку сезони беше најдобар играч на „росонерите“, но оваа сезона го загуби местото во првиот тим и го напушти клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Се надевам дека ќе играм во Лигата на шампиони со Севиља и да освојам трофеи со овој тим. Можам да останам овде долго и би сакал тоа да се случи. Додека бев во Милан се сменија тројца претседатели, многу тренери и голем број на соиграчи. Не може да се изгради ништо солидно, ако се се менува секоја година“, истакна Сусо.

„Коронавирусот? Никој не очекуваше дека ситуацијата ќе достигне до овој степен. Тешко е, но мора да издржиме и да се придржуваме до мерките. Во Италија е најкритично и се надевам што поскоро да заврши“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…