Ѕвездата на Милан, Сусо ги успокои фановите пред крајот на сезоната и изјави дека сигурно ќе остане на „Сан Сиро“ и во иднина.
Сусо има откупна клаузула во својот договор, па изминатите денови често се шпекулира со неговата иднина. Интерес за него покажува Наполи како и премиерлигашите Тотенхем и Ливерпул.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шпанецот има договор со „росонерите“ до 2022 години и категорично потврди дека ќе остане во Милан.
 „Секогаш сум велел дека сум среќен тука и никогаш не сум помислил дека е можно да заминам. Ако Милан сака да се развива со мене во тимот, тогаш јас ќе бидат пресреќен. Милан е мојот дом и не одам никаде“, изјави Сусо.
Шпанецот е најдобриот фудбалер на „росонерите“ и оваа сезона и до сега одигра 34 меча во Серија А на кои постигна 6 гола и запиша 7 асистенции.