Луис Суарез откри детали од тоа како дошло да ја напушти Барселона минатото лето.
Уругавецот се пресели во редовите на големиот ривал и потврди дека Куман бил тој кој му соопштил дека нема да смета на него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Беше навистина тешко кога од Барселона ми рекоа дека не сметаат на мене. Не очекував такво нешто, формата во која се направи тоа не беше адекватна. Ми се јави Куман и ми кажа дека не смета на мене. Од Барселона бараа да не одам на тренинзи, но јас им реков дека постојано ќе тренирам додека сум под договор. Не ми дадоа никакво објаснување, ми кажаа само дека тренерот не смета на мене, дека тоа е негова одлука“, истакна Суарез.
Напаѓачот вели дека ја донел вистинската одлука кога се преселил во Атлетико Мадрид.
„Ја донесов најдобрата одлука, кога Барселона одлучи да ме продаде, почнаа преговорите со Атлетико и со Чоло. Мора да кажам дека во Мадрид добивам многу поголемо внимание отколку во Барселона. Тука постојано ме застануваат и ме прашуваат различни работи на улица, но тоа не е нешто што не ми се допаѓа. Прв сосед ми е Тони Крос и него најмногу го гледам во мојата урбана средина“.