Дома Фудбал Англија Супер Рашфорд за победа на Солскјер над Мурињо! (ВИДЕО)

Супер Рашфорд за победа на Солскјер над Мурињо! (ВИДЕО)

Денес во рамките од 15. коло во рамките од Премиер лигата Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2:1.

Од самиот старт Јунајтед предводен од Маркус Рашфорд играше одлично и создаваше прилики. Таквата игра им се исплатеше уште во шестата минута кога гол постигна Маркус Рашфорд. Тотенхем без игра, практично без да создаде една посериозна шанса дојде до изедначување на пет минути до крајот преку Деле Али.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Вториот дел одново Јунајтед подобро го започна и повторно во главна улога беше Рашфорд. При еден продор англискиот репрезентативец изнуди пенал и самиот го реализираше.

Тој гол само четири минути по почетокот на вториот дел се покажа и како решавачки, па Јунајтед ги однесе трите бода. Треба да се спомене дека ова беше прва победа за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата после еден месец.

Во останатите натпревари Челзи ја победи Астон Вила со 2:1, со истиот резултат Саутемптон го победи Норвич, Вулвс со 2:0 беше подобар од Вест Хем, додека Лестер продолжи да реди добри резултати победувајќи го Вотфорд со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Невеорјатно: Фоден повеќе додавал со Пикфорд отколку со Кејн

Репрезентацијата на Англија влезе како еден од фаворитите на ова Европско првенство, но иа…