Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиите во ПМФЛ викендов без грешка!

Судиите во ПМФЛ викендов без грешка!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 20 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Брегалница Штип  одигран на 25.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 17 минута.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


“Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Петар Новачев и Драган Трпчевски.

17 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, противнички играч со телото (туркање) направи недозволен старт над играчот на домашните притоа без да игра со топката и го спречи играчот во акцијата.

Исправна одлука на главниот судија , досуден пенал за домашната екипа, поради недозволен старт со тело (туркање) на играч на гостинската екипа над противнички играч.

На натпреварот  Фк.Воска-Фк.Силекс одигран на 25.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 44 и 53 минута.

“Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Александар Ѓурковски.

44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (При акција на домашната екипа топката не ја помина гол линијата,при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка, упати удар кон голот на гостинската екипа и на самата гол линија играч на екипата на гостите ја изби топката во поле.

Исправна  одлука на вториот помошен судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката со целиот свој обем не ја помина гол линијата.

Вториот помошен судија беше одлично поставен и имаше целосна и јасна прегледност на ситуацијата.

53 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, противнички играч кој се наоѓаше позади играчот на домакините направи минимален контакт со раката над телото на играчот.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за пенал.

Главниот судија беше одлично поставен со јасна прегледност на ситуацијата.

На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум -Фк.Шкупи одигран на 24.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 1 минута.

“Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Кристијан Џонов.

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа,при резултат 0:0)

Играч на домаќините беше во посед на топка во шеснаесетникот на гостинската екипа централно од голот, голманот на гостинската екипа сакајки да ја избие топката направи недозволен лизгачки старт на ногата на противникот без да ја допре топката и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа и доделен жолт картон за голманот на гостите за спречување очигледна шанаса за гол.

На натпреварот  Фк.Шкендија -Фк.Гостивар одигран на 25.02.2024 година, анализирани се ситуациите од 85 и 89 минута.

“Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Дејан Димитриевиќ и Зоран

Јанкуловски.

85 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа,при резултат 2:0)

Играч на гостинската екипа надвор од шеснаесетникот на домашната екипа упати удар кон голот на домаќините, играч на домашната екипа кој се наоѓаше во својот 16-сетник направи недозволено движење со раката (го зголеми волуменот на раката) и го спречи ударот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволено играње со рака (зголемен волумен на раката) на домашен играч.

89 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа и доделен ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа за спречување очигледна шанса за гол,при резултат 2:1)

Играч на гостинската екипа кој со грб беше свртен кон голот на домакините,прими топка од свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, во моментот кога се сврте и сакаше да продолжи да игра и упати удар кон голот, беше влечен со две раце од противнички играч и спречен во акцијата.

Исправна проценка на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа и доделен црвен картон за играчот на домашната екипа, бидејки беше предпоследен играч од одбраната на домакините и спречи очигледна шанса за гол ( играчот на гостите излегуваше сам пред голман).

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Oд друга страна во второлигашката конкуренција забележани се неколку грешки. Комплетната анализа можете да ја прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …