Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Суарез се запиша во историјата и го одведе Уругвај во 1/8 финале – Саудиска Арабија елиминирана.

Суарез се запиша во историјата и го одведе Уругвај во 1/8 финале – Саудиска Арабија елиминирана.

После Мароко ја имаме и втората селекција која може да си ги пакува куферите и за која последниот натпревар ќе биде само формалност. Саудиска Арабија после минималниот пораз од Уругвај остана без шанси за пласман во следната фаза.

Уругвај како и во првото коло стигна до минимална победа овој пат човек на одлука беше Луис Суарез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ако во минатото коло дефанзивецот Хименез после прекршок во финишот постигна гол и обезбеди победа, денес доволен беше еден корнер во 23 минута. Голманот на Саудијците излета во празно, топката стигна до Суарез кој ја смести во мрежата.

Во продолжение од натпреварот Уругвај одигра сигурно на резултат и не дозволи на противникот да се доближи до голот на Муслера.

Во директна борба за првото место во оваа група ќе одлучуваат Уругвај и Русија, овој натпревар е на програмата во недела.

Со денешниот гол (можете да го погледнете тука) Суарез стана првиот Уругваец кој постигнувал голови на три различни светски првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Понуда од милијарда евра: Винисиус е пред одлука за кариера

Во последно време, Винисиус Жуниор доживува потешки моменти во Real Madrid, и изгледа како…