Кристијано Роналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката после девет години да ги напушти редовите на Реал Мадрид.
Одлуката на Португалецот да се пресели во Јувентус ги изненади многумина, па и напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, меѓутоа истакна дека тоа нема да се одрази на квалитетот на Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Му идеше одлично во Мадрид, освои се, така да ме изненади неговата одлука. Но, тоа е фудбалот. Еден ден можеш да зборуваш дека си среќен таму каде што си, а веќе следниот ден работите можат да се променат. Мораме да ја почитуваме таа одлука, ја донесе со причина.“ – изјави Суарез за ЕСПН и додаде:
„Ние во првенството не се бориме само против еден играч, поединецот може да го направи тимот подобар, меѓутоа реалноста е таа да очекуваме да играме против најдобриот Реал..“
Да потсетиме, Роналдо потпиша договор со Јувентус до летото 2021. година.