Дома Фудбал Суарез до Васкез: Се жалиш после се минатата сезона?! Како дете си! 🎥

Суарез до Васкез: Се жалиш после се минатата сезона?! Како дете си! 🎥

Луис Суарез сигурно е помеѓу најдобрите напаѓачи во светот, тоа го докажува и во дресот на Атлетико Мадрид, но неговата кариера беше обележана со низа контроверзии.

Од оваа сезона Суарез игра за Атлетико со кој ќе лидер во Примера. Вчера „јорганџиите“ одиграа 1:1 со Реал, а единствениот гол за „јорганџиите“ беше дело токму на Суарез.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На полувремето дојде до тензија помеѓу играчите на двата тима, а Суарез влезе во расправија со Лукас Васкез. Васкез се жалеше за недосудениот пенал, Уругваецот тоа го слушна и не му остана должен.

„Се жалиш после се минатата сезона? Неверојатно, како дете си! Е оваа сезона нема ја освоиш титулата. Ние и да ја изгубиме ти нема да ја освоиш“, алудирајќи на тоа дека Барселона може да биде шампион.
Во ситуацијата се вклучи Хермосо кој му порача: Ќе ве издеме…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ја продава младата надеж во Саудиска Арабија: Ќе заработи 68 милиони евра?

Во повеќето европски лиги летниот трансфер период веќе заврши, но на Блискиот Исток продол…