Пехчево стартуваше со пораз во пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток на натпревар во кој нашите фудбалери беа рамноправен противник на гостувањето против лидерот Слога во Виница.
Капитенот Бошко Ступиќ вели дека тој натпревар се заборава затоа што фокусот мора да следи кон новите предизвици. Веќе во сабота (26. февруари) Пехчево го чека натпреварот со Осогово кој од 14 часот ќе се игра на Градскиот стадион во Штип, поради реконструкција на теренот во Пехчево.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Поразот од Слога во Виница веќе го оставаме зад нас, максимално фокусирајќи се на следните предизвици кои не очекуваат. Веќе во сабота во Штип не очекува важен натпревар против Осогово, противник кој секако максимално го респектираме. Но, за нас бодовите од овој меч се многу важни и ќе дадеме се од себе за да дојдеме до нив. Добро се подготвивме изминатиов период, новите млади играчи успешно се вклопуваат во тимот па верувам во подобри игри и позитивни резултати до крајот на сезоната“ – вели Ступиќ.
Фото: ФК Пехчево