Дома Фудбал Италија „Студен туш“ за Јувентус: Човекот кој изгради шампионски тим – заминува!

„Студен туш“ за Јувентус: Човекот кој изгради шампионски тим – заминува!

Денес Јувентус запиша победа во големото дерби против Наполи од 3:1, но она што се случи после натпреварот сигурно им го расипа славјето на навивачите на Јувентус.

Човекот кој е еден од најзаслужните за Јувентус каков што го гледаме денес, кој создаде тим за доминација во Италија ја напушта „старата дама“ – Џузепе Марота!

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Спортскиот директор беше дел од Јувентус цели осум години и на фантастичен начин си ја одработуваше својата задача.

Марота заминувањето го потврди за италијанските медиуми по завршувањето на натпреварот.

„Поминав неверојатни осум години во овој тим. Јувентус секогаш ќе биде во моето срце. Во понеделник ќе излезе списокот на директори на клубот, а на него нема да бидам јас. Сметав дека е многу подобро ова да го слушнете од мене, отколку да се шпекулира со разни гласини“, изјави Марота.

Засега не е познато која ќе биде неговата следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ ги воодушевил сите во Милано, „росонерите“ веќе донеле одлука!

Лука Модриќ (40) брзо ги освои срцата на фановите на Милан и ги натера италијанските медиу…