Дома Трансфер зона Студен туш за Тотенхем: Дефанзивецот на Виљареал ги одбил затоа што сака трансфер во голем клуб

Студен туш за Тотенхем: Дефанзивецот на Виљареал ги одбил затоа што сака трансфер во голем клуб

Стоперот на Виљареал, Пау Торес ја одбил понудата од Тотенхем ова лето, пренесува шпанска „Марка“.

Иако понудата од 50 милиони евра беше прифатлива за Виљареал, Пау не сакаше да ја напушти „жолтата подморница“ и нема ништо против да остане и во новата сезона.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Петлите“ го контактирале, но Торес ги „оладил“ со одговорот дека ќе го напушти Виљареал само ако добие понуда од голем Торес.

Пау Торес смета дека Тотенхем не спаѓа во тој ред на тимови. Тој се поврзуваше со Барселона, но поради финансиската ситуација Барселона не може да ја плати цената која ја бара Виљареал.

Се наведува дека Тотенхем до крајот на преодниот рок ќе испрати уште една понуда, но во псоледните 15 дена од преодниот рок неговата цена од 50 се зголемува на 65 милиони евра, па тоа може да биде причина многу клубови да се откажат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …