Дома Фудбал Италија Стротман: Не е точно дека заминав од Рома поради Нзонзи

Стротман: Не е точно дека заминав од Рома поради Нзонзи

Холандскиот фудбалер Кевин Стротман, можеби изненадувачки, на крајот од преодниот рок ја напушти Рома и потпиша за Марсеј, кој го плати 28 милиони евра.

После многу години поминати во италијанската престолница, Стротман се одлучи на нов чекор во кариерата и вчера за прв пат зборуваше за медиумите како член на Марсеј.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Среќен сум што станав член на овој голем клуб. Разговарав со тренерот, претседателот и спортскиот директор и од сите служнав дека ме посакуваат. Ја прифатив понудата, ми се допаѓа проектот и дојдов овде да му помогнам на Марсеј во остварувањето на своите цели.“ – изјави Стротман.

Можеби е случајност, но Стротман од Рома замина непосредно по доаѓањето на францускиот фудбалер Стивен Нзонзи кој игра на истата позиција.

„Не заминав поради неговото доаѓање. Нормално е секој клуб да се засилува, па така и Рома која ова лето донесе многу играчи. Конкуренцијата во екипата е нормална работа, но заминав од причина што проценив дека дојде време за неа. Поминав во Рома пет години.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…