Марио Манџукиќ немаше сила да зборува после загубенто финале во Лигата на шампионите, му требаше време за да им се обрати на фановите.
Како утеха за хрватскиот напаѓал останува фантастичниот гол за 1:1 кој сигурно е еден од најдобрите во финалните средби од Лигата на шампионите, сепак високиот пораз од 4:1 тешко му падна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум што сум дел од овој тим. Имавме неверојатна сезона со големи победи и на нив ќе се сеќаваме засекогаш, освоивме два трофеи. Поразот во финалето од Лигата на шампионите е тежок за прифаќање, но ќе го искористиме како инспирација да бидеме подобри следната година. Тажен сум поради повредените навивачи во Торино, се надевам дека набрзо ќе се опорават. Тоа не беше добра вечер за фановите на Јувентус. Но ќе има уште многу подобри, следната сезона“, напиша Манџукиќ.