Дома Фудбал Лига на шампиони Стрелецот за Баварците видно незадоволен: Ова не го направивме ниту против Хановер…

Стрелецот за Баварците видно незадоволен: Ова не го направивме ниту против Хановер…

Поголем посед на топката, поголеми шанси и пораз. Баерн како и изминатата сезона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, му дозволи на Реал по водечкиот погодок да направи пресврт и да слави во Минхен. Боли, многу боли, и еднаш, а уште кога се повторува.

„Вакви шанси не создадовме ниту против Хановер изминатата недела. А тие шутнаа два пати и исто толку погодија“, незадоволно истакна Џошуа Кимих, стрелец на единствениот погодок за Баерн.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Томас Милер не беше ниту подобро расположен, иако и натаму е оптимист дека Баерн може да ја оствари целта на „Сантијаго Бернабеу“.

„Испаднавме наивни. Имавме неколку големи и одлични шанси. Во Бундеслигата велиме само благодарам и зимаме бодови. Можеби и денес важноста на мечот влијаеше. Моравме да оствариме подобар резултат. Боли тоа, но се уште ништо не е готово“.

Интересно е што Кимих го „пецна“ Милер посочувајќи дека се поинаку би изгледало ако Арјен Робен не се повредеше во осмата минута од мечот.

„Штета. Тој е играч кој веднаш ги врзува играчите за себе и мене ми отвора простор. Не велам дека Томас Милер не направи добра работа, тој со своето движење отвора простор“, истакна Кимих.

Не вели… Но и вели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…