Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Страшната повреда на Саудиецот може да значи крај на кариерата: Молете се за мене

Страшната повреда на Саудиецот може да значи крај на кариерата: Молете се за мене

Саудиска Арабија сензационално ја победи Аргентина со 2:1, а мечот во финишот стана кошмарен за Јашер Ал Шерани.

Репрезентативецот на Саудиска Арабија заработи тешка повреда по еден судир со сопствениот голман,  а потоа и незгодно падна на глава на теренот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


 Ал-Шарани загуби свест и на носилки беше изнесен од терен, а денес со приватен авион бил пренесен во клиника во Германија.

Тој се здобил со скршеници на вилицата и неколку коски на лицето, како и внатрешно крварење. Ќе му биде извршена операција, а и неговата кариера е доведена во прашање.

„Сакам да ве уверам дека сум добро. Молете се за мене и честитки до навивачите на Саудиска Арабија по победата“, кажа Саудиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Тоти се враќа во Рома! Еве каква улога ќе има легендата на „Волчицата“

Франческо Тоти, иконата на Рома, е на прагот да се врати во клубот каде што го остави свој…