Дома Македонски спорт Столе: Го победивме најсилниот тим во Европа, сега Веспрем нека мисли на нас!

Столе: Го победивме најсилниот тим во Европа, сега Веспрем нека мисли на нас!

Вардар повторно ја израдува македонската јавност и одново ќе игра финале во Лигата на шампионите!

После првото полувреме се најавуваше катастрофа бидејќи Вардар губеше со седум гола разлика. Милосављев одбрани 13 топки, но црвено црните имаа проблеми со реализацијата. На полувреме се замина со дури седум гола предност за Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Но во второто полувреме Вардар успеа чудесно да се врати и на крајот да победи со два гола разлика.

После мечот изјава даде и Стојанче Стоилов кој го постигна последниот гол на натпреварот.

„На полувреме немаше некој посебен говор. Верувавме дека можеме да се вратиме. Според мене неправедно губевме со седум гола разлика. Во второто полувреме среќата се сврте на наша страна и на крај ни се отвори шанса за победа која ја искористивме“.

„Ние го победивме најдобриот тим во Европа, сега Веспрем нека мисли за нас, нема што ние да мислиме. Ќе влеземе максимално спремни за да се обидеме да победиме и во тој натпревар“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…