Пикерот на Македонија и Вардар Стојанче Стоилов причината за неуспехот на ова првенство го гледа во големиот број технички грешки.
Стоилов по поразот од Австрија истакна дека најголем проблем на репрезентација била деконцентрацијата и падовите во играта во двата натпревари. Македонија првенството го заврши во првата фаза иако на почетокот се истакнуваше дека добивме најпосакувана група.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема што да се каже. Голема деконцентрација, многу падови во играта…На вакво натпреварување не смеат да се прават такви грешки. Едноставно недозволиво е. Виновни сме ние, играчите. Ни недостасуваше концентрација, ако секој направи по една грешка тоа 16 што е многу“, изјави Стоилов.