Вардар во сабота го пречекува Мешков Брест во натпревар од Лигата на шампионите.
За разлика од дуелот во вторникот каде Вардар играше со младинците, се очекува потполно поинакво издание во сабота, а капитенот Стоилов најави победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добро се познаваме имаме одиграно многу дуели. Имаат нов тренер што значи дека имаат и промени. Ние треба да покажеме дека сме фаворит. Нема оправдување мора да се оди на победа“, изјави Стоилов.
„Мешков Брест е одличен тим кој игра многу добра одбрана, цврста и динамична во текот на целиот меч. Ние се подготвуваме максимално, но ќе биде тешко. Тие имаат нов тренер, Маноло Каденас. Тој беше и мој тренер три години, како и во репрезентацијата. Но сеедно е што е Шпанец, ние ја играме нашата игра и се надевам дека ќе победиме“, истакна Парондо.