До крајот на групната фаза остануваат да се одиграат уште три натпревари. Покрај овој со Пик Сегед, вардарци треба да играат и со Нант (во гости) и со Висла (дома).
Натпреварот со Пик Сегед е важен за задржување на првото место, но и гостите доаѓаат со силен мотив, особено по триумфот во гости кај Рајн Некар. Нашиот меѓусебен дуел во првиот дел од сезоната со Пик Сегед заврши нерешено, 26-26.
Капитенот Стојанче Стоилов знае дека овој дуел ќе биде тежок со оглед на тоа што Пик Сегед секогаш бил незгоден ривал за „црвено-црните”. На првиот натпревар во Унгарија, Вардар освои бод играјќи 26-26.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во Унгарија одигравме нерешено, па очекувам да биде слично и сега во Скопје. Сепак, очекувам на крајот ние да славиме. Ние сме европски шампиони и така треба да се однесуваме. Играме дома пред наша публика и пред полна сала. После поразот од Барселона се наоѓаме на добро ниво. Се тренираше одлично неделава и се надевам на добра игра и на наша победа. Во Унгарија лесно можевме да загубиме, а потоа на крајот имавме шанса и да победиме. На овој дуел ќе мораме да одиграме цврсто во одбраната и да доаѓаме до шанса за лесни голови. Без тоа тешко ќе можеме до победа, вели Стоилов за официјалната страна на Вардар.
Билетите за натпреварот Вардар – Пик Сегед се веќе во продажба во продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.
Натпреварот е закажан за в недела во 17 часот.