Дома Македонски спорт Мак ракомет Стоилов жали за пропуштените шанси, Талески што немаме уште еден Лазаров

Стоилов жали за пропуштените шанси, Талески што немаме уште еден Лазаров

Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Чешка (27:25) во 2-то коло од ЕП, иако на полувреме имаше предност од два гола.

Сега за пласман во следната фаза ќе мора да ја победиме селекцијата на домаќинот Австрија во последното коло.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Имаме уште еден натпревар кој мора да го добиеме. Многу промашувавме во овој дуел, а на спротивната страна Чешка погодуваше кога е најпотребно и тоа е тоа, затоа е таков резултатот. Мора да даваме голови кога имаме шанса“, изјави Стоилов.

Талевски смета дека натпреварот го одличил тоа што освен Лазаров никој друг не успевал да постигне гол од далечина.

„Освен Лазаров кој даваше голови од надвор, ние останатите не можевме да направиме ништо. Во последните 15 минути и се уморивме. Во вториот дел доста промашувавме. Немавме решение како да ја разбиеме одбраната на Чешка“, изјави Талески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…