Дома Фудбал Лига на шампиони Стигна потврда: Натпреварот ПСЖ – Звезда е под истрага!

Стигна потврда: Натпреварот ПСЖ – Звезда е под истрага!

Голем скандал би можел да се случи доколку тврдењата на „Л’Екип“ се покажат како точни. Првиот чекор обвинителството во Франција веќе го направи…

Вчерашната вест која ја објави „Л’Eкип“ како бомба одекна во фудбалскиот свет.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Реномираниот француски весник тврди дека постојат сериозни причини за сомневање дека натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Црвена Звезда (6:1) е наместен.

„Л’Екип“ наведува дека човек на УЕФА ја известил европската куќа на фудбалот дека пред самиот почеток на натпреварот, неименувано лице од управата на црвено-белите се обидело да уплати пет милиони евра на пораз на Звезда со пет голови разлика.
Денес од Франција стигна и порака од обвинителството.

„Истрагата е отворена, но во овој момент немаме коментар“.

https://www.youtube.com/watch?v=CgZ4Fw_SgjU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати најголемите желби на Јувентус: „Старата дама“ ќе треба да потроши над 200 милиони евра

Јувентус планира да донесе три силни имиња во текот на летниот трансфер период, но не план…