Дома Фудбал Репрезентации Стигна извинување за Зидан: Ова беше недоразбирање…

Стигна извинување за Зидан: Ова беше недоразбирање…

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грат се извини за нападот кон Зидан со изјавата која предизвика бура во јавноста.

„Немам што да кажам, нека оди каде што сака без разлика дали е клуб или репрезентација. Мене тоа не ме интересира. Се обидел ли да ми се јави? Не, но и да ме побара јас не би му се јавил“, гласеше изјавата на Ле Грат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По неговата изјава се огласи и Килијан Мбапе кој застана во одбрана на Зидан.

„Зидан е Франција, ние не треба да покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“, објави Мбапе.

Очигледно дека Ле Грат сфати дека погреши, па брзо се извини.

„Ова беше недоразбирање. Би сакал лично да се изјава за овие коментари, тие воопшто не го рефлектираат она што јас го мислам за него како фудбалер и како тренер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…