Дома Фудбал Италија Стигна демант: Марселињо нема да биде тренер на Милан

Стигна демант: Марселињо нема да биде тренер на Милан

Утрово еминентниот весник „Мундо Депортиво“ лансираше вистинска „бомба“ и објави дека Марселињо Гарсија Торал ќе биде нов тренер на Милан.

Марселињо, кој моментално е без клуб, наводно ги договорил сите услови со „росонерите“ за да пристигне на „Сан Сиро“ по завршување на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во последните неколку недели Марселињо имал низа понуди од клубови кои можеше да ги преземе веднаш, но одлучил да ги одбие за наводно да седне на клупата на Милан.

Овие тврдења на „Мундо Депортиво“ експресно ги дематираше менаџерот на шпанскиот стратег.

„Марселињо наредната сезона ќе тренира голем европски клуб. Милан, поради својата славна историја е голем клуб, но јас демантирам дека сме имале преговори со нив. Марселињо никогаш не го запознал Паоло Малдини и до денес не добил никаква понуда. Значи информациите не се точки“, изјавил менаџерот Еугенио Ботас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повеќе среќа следниот пат: Гигс повторно не го примија во „Куќата на славните“

Братот на Рајан Гигс, Родри, се огласи откако легендарното крило на Манчестер Јунајтед ушт…