Дома Фудбал Англија Стив Брус: Де Брујн ќе игра за Њукасл

Стив Брус: Де Брујн ќе игра за Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус се пошегува дека големата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин де Брујн ќе премине на „Сејнт Џејмс Парк“.

Синоќа двата клуба се сретнаа во четвртфиналето од ФА Купот, Сити победи со 2:0, а Де Брујн беше стрелец на еден од головите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После мечот Брус беше добро расположен и ја прекина изјавата на Белгиецот за да пренесе „ексклузивна“ вест.

„Тој ќе остане. Ќе остане тука и ќе игра за нас. Тоа е ексклузивната вест од Њукасл оваа вечер. Доволно долго беше во Манчестер Сити, сега ќе дојде да игра за Њукасл“, се пошегува Брус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нека биде вака и во Копенхаген: Македонија точно пред четири години го приреди чудото во Палермо! (Видео)

На денешен ден пред четири години, македонската фудбалска репрезентација испиша историја с…