Дома Македонски спорт Стефан Спировски пронајде нов клуб: Ќе игра со Мојсов и Тричковски!

Стефан Спировски пронајде нов клуб: Ќе игра со Мојсов и Тричковски!

Maкедонскиот репрезентативец Стефан Спировски ќе им се приклучи на Мојсов и Тричковски во АЕК Ларнака и така ќе ја зголеми македонската колонија во овој тим.

За Спировски ова ќе биде ново искуство и ново првенство претходно освен во македонското настапуваше во Србија, Бугарија, Унгарија и Израел. Во септември минатата година тој пристигна во Тел Авив и клубот по неговото доѓање од долниот дел на табелата дојде до плеј-од. Сепак, Спировски неодамна спогодбено го раскина договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Спировски кариерата ја започна во Пелистер потоа играше во Борац Чачак, Работнички, бугарскиот Берое, а репрезентативец на Македонија стана во дресот на Вардар. Следуваа два годин иво Френцварош во Унгарија. За Тел Авив иако одигра една сезона остави одличен впечаток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…