Дома Македонски спорт Стефан Спировски повеќе не е играч на АЕК Ларнака

Стефан Спировски повеќе не е играч на АЕК Ларнака

Репрезентативецот на Македонија Стефан Спировски остана без клуб откако се раздели со АЕК Ларнака.

Кипарскиот тим прави „ремонт“ и се ослободи од неколку фудбалери. Спировски за АЕК настапуваше една година. Договорот го потпиша во јуни 2020 година. Во тимот пристигна од Ференцварош.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Веста за раскинувањето на договорот АЕК ја објави на социјалните мрежи.

31-годишниот Битолчанец е редовен во репрезентацијата и зад себе има 40 настапи, ќе биде дел и од трите натпревари кои ни следат сега со Ерменија, Исланд и Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…