Фудбалерите на Арсенал по паузата поради Мундијалот продолжија да победуваат во Премиер лигата.
Во понеделникот беше совладан Вест Хем со 3:1, Арсенал така успеа да ја зачува предноста од пет бода во однос на Манчестер Сити на чело на табелата. Од трибините овој натпревар го следеше и легендарниот меанџер на „топџиите“ Арсен Венгер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој го предводеше Арсенал од 1996 до 2018 година и во тој период имаше многу успех. Со Арсенал освои 17 трофеи, а три од нив беа титули во Премиер лигата.
Посебно се памети сезоната 2003/2004 кога до титулата шампион на Англија стигнаа без пораз. Клубот сега одлучи да оддаде почест на францускиот тренер така што пред стадионот ќе подигне негова статуа. Тоа е почест која во Велика Британија е резервирана само за најголемите легенди.
Статуата на Венгер според информациите ќе биде поставена веднаш до клупските легенди, Тони Адамс, Денис Бергкамп и Тиери Анри.