Дома Фудбал Статистиката – очајна, а Зидан и понатаму го фали Бензема!

Статистиката – очајна, а Зидан и понатаму го фали Бензема!

Каква корист има Реал Мадрид од Карим Бензема, веројатно знае само Зинедин Зидан…

До кога Бензема ќе биде дел од стартниот тим на Реал и до кога Зидан ќе го толерира не е познато, но едно е сигурно тој и претседателот Флорентино Перез секогаш ќе го бранат во медиумите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Францускиот напаѓач има очајна голгетерска статистика оваа сезона. На 26 натпревари во Ла Лига постигна скромни 5 погодоци, а во сите натпреварувања одигра 36 натпревари и постигна девет погодоци.

Сепак без оглед на се тој има загарантиран финансиски договор, тренерот го фали и е дел од првиот тим.

„Не сме загрижени знаеме, каков квалитет поседува. Тој мора да постигнува голови и е свесен за тоа. Тој е само во мала криза, ништо повеќе. Се што треба да направи е да продолжи да работи, сигурен сум дека наскоро ќе започне да постигнува погодоци“, порача Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …