Денес се игра големото дерби помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид кое многу да реши кога во прашање е титулата во Ла Лига.
Не е тајна од каде доаѓа најголемата опасност за Атлетико Мадрид. Меси во вториот дел од сезоната игра во одлична форма, а денес пред него ќе биде тимот кој е една од неговите омилени „жртви“ во Примера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Против „јорганџиите“ Меси одигра 42 натпревари и има учинок од 32 гола и девет асистенции. Ова доволно покажува дека Меси знае да биде опасен против Атлетико.
Кога Меси бил на теренот Барселона победила на 24 натпревари и била поразена на 10, а ремизирала на осум.