Дома Фудбал Англија Статистиката може да биде чудна: Тен Хаг се уште е подобар од Фергусон

Статистиката може да биде чудна: Тен Хаг се уште е подобар од Фергусон

Maнчестер Јунајтед вчера претрпе пораз во градското дерби против Манчестер Сити со 3:1 во рамките од 27-то коло во Премиер лигата.

За Холанѓанецот ова беше стотиот натпревар на клупата на Јунајтед. Добива Тен Хаг сериозни критики, легендарниот Пол Сколс е убеден дека тој нема да биде тренер на Јунајтед наредната сезона (ТУКА), но статистиката говори дека тој со овие100 натпревари има подобар процент на успешност од Сер Алекс Фергусон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Тен Хаг со своите први 100 натпревари е најуспешниот тренер на Јунајтед по Втората светска војна. Тен Хаг има 60 победи, 12 нерешени натпревари и 28 порази со што е на успешнот од 60.4%.

Легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед од друга страна клубот го водеше на 1.500 натпревари и во нив оствари 59.7% успешност (895 победи, 338 нерешени натпревари и 267 порази).

Зад Тен Хаг и Фергусон на листата следат, Жозе Мурињо со 58.3%, Солскјер со 54.2%, Дејвид Мојс со 52.9 и Луис Ван Гал со 52.4%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …