Дома Фудбал Англија Легендата на Јунајтед тврди: Тен Хаг нема да биде тренер наредната сезона

Легендата на Јунајтед тврди: Тен Хаг нема да биде тренер наредната сезона

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс во интервју за англиските медиуми истакна дека според него Ерик Тен Хаг наредната сезона нема да биде тренер на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Тен Хаг не му оди, има Јунајтед со него повремени блесоци, но тоа е премалку за очекувањата на навивачите и луѓето во клубот.

„Она што го гледаме е милионо милји одалечеено од тимот кој би требало да биде конкурентен за освојување на лигата. Секоја сезона е така. Верувам дека раководството го кажало своето, мислам дека Тен Хаг нема да биде тука следната сезона.

Од интервјуто кое го слушнав на Ратклиф видов негативност кон него. Не ми изгледа дека е среќен. Воопшто не би бил изненаден ако и сега бараат нов тренер“, изјави Сколс.

Тен Хаг имаше големи планови и интересен проект, зборуваше дека Јунајтед токму во оваа сезона може да ја нападне титулата, но реалноста е многу поинаква.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…