Дома Фудбал Италија Статистиката е доказ: Милан најмногу им верува на младите!

Статистиката е доказ: Милан најмногу им верува на младите!

Ако ги погледнеме најсилните пет првенства оваа сезона и тоа колку играат младите играчи ќе го засклучиме следново – Милан најмногу им верува на младите играчи.

Екипата на Милан конечно започна да наликува на тим кој има капацитет да се бори за највисоките позиции во Серија А, а навивачите ќе бидат посебно задоволни кога ќе го прочитаат овој статистички податок.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Џенаро Гатузо форсира систем во кој доминираат младите играчи, а кога ќе го погледнеме просекот на годините на играчите кои се стартери ќе добиеме просек од 24 години и 88 дена по играч.

Доколку се обидете во најсилните пет првенства (Англија, Италија, Шпанија, Германија, Франција) да пронајдете тим со ист или помал просек нема да успеете.

Ова секако е одлична вест за навивачите Милан затоа што можат да бидат сигурни дека клубот има иднина, нормално доколку во клубот останат на ставот никој да не си замине.

Милан е во се подобра форма во овој момент, па во клубот можат да бидат горди на тоа што го направија во претходниот период.

Во стартниот тим на Милан имаме петмина кои се помлади од 25 години, а тоа се Пакета (21), Пјонтек (23), Бакајоко (24) и Донарума (20). Покрај нив Сусо и Чалханоглу имаат по 25 години.

Дополнителен важен фактор е што добар дел од нив се помеѓу поважните играчи на Милан како што се Пјонтек, Пакета и Донарума, тие најмногу се истакнуваат, но секако дека и другите завршуваат одлична работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Би-Би-Си“ сакаше да го понижи Роналдо, па предизвика бурни реакции

Кристијано Роналдо имаше прилика во 105. минута од вчерашниот натпревар помеѓу Португалија…