Вчера Барселона одигра само 1:1 во натпреварот против Гранада на „Камп Ноу“, а овој резултат го зголеми незадоволството помеѓу фановите. „Марка“ утрово излезе и со текст дека Лапорта одлучил да го отпушти Куман.
Холандскиот стратег после натпреварот се бранеше дека со овој состав на Барселона не може да игра тика-така, а статистиката покажува дека стилот на Каталонците е целосно променет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Опта“ пресмета дека фудбалерите на Барселона вчера испратиле 54 нафрлувањата во шеснаесаесетникот на Гранада, а 45 од нив биле од игра.
За шпанските медиуми ова е целосно менување на стилот и ДНК на Барселона која не е навикната да игра на ваков начин. Тешко дека и на навивачите ќе им се допадне.