Денес Македонија го започнува Европското првенство во одбојка кое ќе трае до 16. септември.
Прв предизвик за Македонија ќе биде Данска против која ќе играме вечерва од 20:00 часот. Данска е селекција со која можеме да играме, а тоа го покажуваат и меѓусебните дуели. Сме одиграле досега 10 во кои сме победиле на седум од нив.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Желбата и целата на селекторот Миленкоски е како домаќини да се пласираме во вториот круг, секако потребна е и поддршката од публиката.
„Момциве секој ден даваат сè од себе, за да ја претстават Македонија во најдобро можно светло. Ова е најголем одбојкарски настан на наше тло, можност да ја претставиме државата и нашиот спорт. Желба ни е пласман во следниот круг, мислам дека го заслуживме тоа, но не зависи само од нас туку и од противниците.
Потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза“, изјави Миленкоски во текот на вчерашниот ден.
Во нашата група покрај Данска се уште Црна Гора, Холандија, Полска и Чешка.