Фудбалерите на Јувентус и Милан моментално го играат финалето од Купот на Италија на „Олимпико“ во Рим.
Милан многу добро и парираше на „Старата дама“ во првото полувреме, но Јувентус за осум минути во продолжениети го сруши отпорот на „Росонерите“. Најпрво во 5. минута Бенатиа ја погоди мрежата на Милан по фантастичната асистенција на Миралем Пјаниќ од корнер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само пет минути подоцна беше 2:0 за Јувентус. Даглас Коста шутираше од дваесеттина метри, а неверојатна грешка направи Донарума која сакаше да ја фати топката, но потоа истата заврши зад неговиот грб.
Во 64. минута во центарот на вниманието беше голманот на Милан кој направи уште една неверојатна грешка, а со својот втор гол Бенатиа зголеми на 3:0.