Дејан Станковиќ во залезот на неговата играчка кариера беше дел од тимот на Интер кој освои триплета под водство на Жозе Мурињо.
Станковиќ во тој тим на Интер играше заедно со Горан Пандев, а сега српскиот фудбалер зборуваше тој историски тим на „нероаѕурите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Испишавме историја со Интер. Со текот на времето тоа што го направивме доби дополнително значење, беше нешто навистина неверојатно. Еве Јувентус подолго време инвестира многу, има силен тим, но не успева да го направи тоа. Секоја ера има свој почеток и крај, тоа беше наша ера. Можам да се заблагодарам на Масимо Морати и неговото семејство за тоа што ни го овозможи“.
„Сакавме да освоиме се, имавме среќа во Киев во групата и извлековме поука. Го победивме Челзи, а потоа во последните два месеци на располагање имавме само 13-14 играчи. Во нашите глави беше само како да стигнеме до 22. мај и да испишеме историја. Мурињо во последниот месец ипол извлече повеќе од сите нас“, раскажа Станковиќ.