Драгиша Гудељ се врати на терените откако во март доживеа срцев застој.
Гудељ како капитен на Кордоба на 14-ти јули одигра пријателски натпревар против Севиља во кој гостите славеа со 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега, зборуваше за страшните моменти во март, откривајќи дека и самиот не знаел што се случува, а докторите му кажале дека срцето му застанало на три ипол минути.
„Се сеќавам на речиси се, освен на тие седум, до 10 минути. Кога се разбудив на носилки откако паднав на земја, се сеќавам на секоја секунда. Видов луѓе околу мене како ме внесуваат во амбулантно возило, прашав „што се случува?“ Му кажав на тренерот дека сакам да го продолжам натпреварот, не разбрав што се случи, мислев дека сум добил вообичаен удар“, се присети Гудељ.
🇷🇸Dragisa Gudelj, brat gracza Sevilli Nemnaja Gudelja, zasłabł na boisku w trakcie spotkania.
— Kamil LaLiga Fan🇪🇸 (@Kamil47085941) March 25, 2023
Na boisku pojawiła się karetka, a zawodnik Cordoby na całe szczęście odzyskał przytomność.
Jak wyczytałem, doszło u niego do zatrzymania akcji serca.pic.twitter.com/bUWupyxKBa
„Чудно е затоа што се чувствував добро, иако секако со многу адреналин. Потоа го видов татко ми. Ми се обрати: „Драгиша, смири се, смири се сега“. По неговиот израз можев да заклучам дека нешто сериозно се случило. Кога влеговме во брзата помош докторот ми ја објасни ситуацијата.. Кога ќе ти кажат дека твоето срце застанало цели три и пол минути, твојот свет буквално застанува на неколку секунди. Не можам да ви опишам како се чувствував“, раскажа Гудељ.