Дома Офсајд Српскиот клуб му подари Буба кабриолет на Матиќ

Српскиот клуб му подари Буба кабриолет на Матиќ

Ѕвездата на Челзи и на српската репрезентација, Немања Матиќ од фудбалскиот клуб од своето родно место, доби невообичаен подарок, реставрирана „Фолксваген Буба кабриолет“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалскиот клуб Врело Спорт од Уб, клуб кој се натпреварува во седмиот ранг на српскиот фудбал, решил на Матиќ со ваков подарок да му се заблагодари за сè што прави за клубот.

Играчите на клубот, кои го реставрирале автомобилот, ја искористиле можноста на Матиќ да му го врачат подарокот додека тој се наоѓа на подготвките со репрезентацијата за квалификацискиот натпревар со Велс.

ФК Врело Спорт своите натпревари ги игра на стадионот во спортскиот центар кој го носи името на Немања Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…