Дома Фудбал Репрезентации Србите вчера го доживеаа најголемиот фудбалски срам

Србите вчера го доживеаа најголемиот фудбалски срам

Mладите српски фудбалер вчера го доживеаа најголемиот срам во својата историја.

Селекцијата на Англија до 21 година ги декласираше со неверојатни 9:1. Според информациите на српските медиуми ова е најголем пораз на една српска селекција во официјален натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Србија никогаш не дозволила поголема разлика од четири гола, а сега фудбалерите до 21 година дозволија да примат девет гола во својата мрежа.

Ништо не најавуваше таква катастрофа кога во 27. минута избраниците на Владимир Ѓорѓевиќ со голот на Лучиќ дојдоа до водство од 1:0. Англичаните израмнија десет минути подоцна, за потоа да ја наполнат мрежата.

Последниот гол го постигнаа во 89. Минуута, па така може да се заклучи дека во 50 минути игра Србија прими девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…