Никола Јокиќ со својот Денвер оствари историски успех и го освои НБА прстенот, а во Србија сега се поставува прашањето дали Јокиќ ќе игра на претстојното Светско првенство кое започнува на 25-ти август.
Според договорот на НБА и ФИБА, НБА играчите кои сакаат да играат за националните тимови мораат максимално 28 дена во репрезентативниот програм пред почетокот на големите натпреварувања, што значи дека Јокиќ на припремите би можел да се приклучи кон крајот на јули.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дотогаш би имал нешто повеќе од еден месец одмор по напорната сезона. Американските медиуми пишуваа дека Јокиќ има семејна прослава и дека поради тоа може да го откаже учеството на Мундобаскетот.
Во текот на сезоната 28-годишниот кошаркар не разговарал детално за СП, туку најави дека таа одлука ќе ја донесе на крајот на сезоната, како и секогаш. Јокиќ во овој момент е на пат за Србија и во недела се очекува да пристигне во неговиот Сомбор.
Со Србија Јокиќ досега играше на Олимписките игри 2016-та каде што освои Сребро, но следните две големи натпреварувања не беа така успешни. На СП во Кина, Србија заврши на петтото место, додека минатото лето беше елиминирана во осминафиналето на Евробаскетот.