Женската репрезентација на Македонија претрпе уште еден убедлив пораз од Романија во баражот за Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Романија имаше сигурно водство уште во првиот натпревар кој го добија со 22:33, а денес во Скопје запишаа уште повисока победа со резултат 20:35.
Добро го отворивме мечот и поведовме со 3:1, но тогаш гостите направија серија од 4:0 и поведоа со 3:5. Од тој момент Романките доминираа на теренот, а нашата одбрана не беше на нивото. Проблем имавме и во нападот каде што Сара Ристовска беше затворена и во првото полувреме не постигна гол.
Како што одминуваа минутите така предноста на Романките само растеше, па Мундијалот остана само сон.
На селекторот и девојките сега останува добро да се подготват за ЕП 2022 на кое ние ќе бидеме еден од домаќините.