Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор спремаат нов меч!
Откако пред една година Мејведер со технички нокаут го победи Мекгрегор со технички нокаут во 10-та рунда констатно се зборува за реванш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека нешто навистина се подготвува потврди таткото на американскиот боксер.
„Се зборува дека ќе има реванш. Не сум баш сигурен, но зборувам тоа што слушнав. Мојот син сака повторно да се бори, токму како и Мекгрегор кој сака да покаже што знае, а не знае ништо. Сигурен сум дека овој пат ќе биде изнесен на носилки. Мојот син ќе се потруди повеќе да не се враќа“, порача таткото на Флојд Мејведер.
Борбата повторно ќе биде одработена по боксерски правила. Интересот на двете страни е многу голем и сигурно дека ако се случи повторно двата борци добро ќе ги наполнат своите сметки.