Дома Останати Тенис Спектакл: Ѓоковиќ и Алкараз ќе играат пред 40.000 гледачи!

Спектакл: Ѓоковиќ и Алкараз ќе играат пред 40.000 гледачи!

Најдобрите двајца светски тенисери, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се соочат пред крајот на годината во меч во Саудиска Арабија.

Српскиот и шпанскиот тенисер ќе настапат на турнирите во Париз и Торино, а без разлика што ќе се случува таму сигурно ќе играат еден против друг до крајот на годината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, тие ќе се соочат во егзибициски натпревар пред 40.000 гледачи на „Кингдом Арена“ во Саудиска Арабија. Мечот би требало да се одигра на 27. декември.

Последен пат Ѓоковиќ и Алкараз играа меѓусебе на турнирот во Синсинати, а досега се сретнаа во четири меча во кои меѓусебниот скор е 2:2.

Саудијците по најдобрите имиња во фудбалот очигледно сакаат да ги привлечат и најдобрите тенисери да играат на нивно тло. Засега не е познато колку двајцата тенисери ќе заработат од овој спектакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир на кој ќе игра Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ одлично ја започна оваа сезона ако ги погледнеме очекувањата, играше финале …