Дома Фудбал Италија Спалети се договори со Милан, се очекува само официјализација

Спалети се договори со Милан, се очекува само официјализација

Италијанските медиуми пренесуваат дека Лучијано Спалети наскоро и официјално ќе биде именуван за нов тренер на Милан.

Милан на катастрофален начин ја отвори сезоната и после првите седум кола веќе има три порази, па реши да му даде отказ на тренерот Џампаоло.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Милан во последното коло ја победи Џенова во трилер натпревар, но играше лошо, па раководството не е задоволно од работата на тренерот и од изборот на играчи кои ги прави.

„Скај Спорт“ пренесува дека веќе е донесена одлука и Џампаоло денес официјално ќе добие отказ, а клубот моментално преговара за негов наследник.

Најновите информации се дека „росонерите“ постигнале договор со Лучијано Спалети, кој се согласил да седне на „жешкото“ столче.

Во моментов се водат преговори помеѓу тренерот и Интер, бидејќи Спалети е се уште на платен список кај „нероаѕурите“, кои се спремни веднаш да го ослободат за да ја заштедат неговата плата.

Италијанските медиуми тврдат дека во следните 24 часа сите административни работи ќе бидат решени и Спалети ќе биде назначен за нов тренер на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Петровиќ стана најскапиот српски голман во историјата

Српскиот репрезентативен голман Ѓорѓе Петровиќ си заминува од редовите на Челзи, но остану…