Дома Фудбал Италија Спалети: Перишиќ е како коњ!

Спалети: Перишиќ е како коњ!

Иван Перишиќ е еден од клучните фудбалер на Интер оваа сезона, а „нероаѕурите“ конечно остваруваат одлични резултати на стартот на сезоната.

Тренерот Лучијано Спалети е импресиониран од Хрватот и на интересен начин ја опиша неговата физичка подготвеност и професионализам.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Иван е голем професионалец. Останува индивидуално да работат еден час и 15 минути по секој тренинг. Ментално е стабилен, а физички силен како коњ. Прави спринтови од по 60-70 метри, а кога ќе претрча во ваша близина и земјата се тресе“, изјави Спалети.

Перишиќ одигра 10 натпревари оваа сезона за Интер, постигна три гола и запиша пет асистенции, а на последниот меч против Сампдорија два пати ја погоди рамката од голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кога маестро диригира, сите аплаудираат: Овации за Модриќ во Удине – видете зошто!

Лука Модриќ (40) уште еднаш ја покажа класата во дресот на Милан, блескајќи во 4-то коло н…